Коалицијата за заштита на децата и Фондација Елеуса почнуваат со серија проекции на филмот „Што е тоа жена?“ на Мет Волш, во кој на едноставен и забавен начин се обработува една од главните теми на денешната цивилизација – што е тоа жена, како таа се дефинира и дали личните чувства можат да бидат над реалните биолошки факти.
Првата проекција ќе биде следната недела во вторник, 09.05.2023 г. во големата сала на НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 20:00 часот.
Слободен е влезот за гледање на филмот, но организаторите повикуваат за донации, со цел финасиски да се поддржи проекцијата во другите градови низ државата.
-Ги повикуваме сите кои сакаат финансиски, со донации или спонзорство, да го помогнат проектирањето на филмот по другите градови, да ни пишат на koalicija@zadecata.org или да донираат на:
https://www.zadecata.org/doniraj