Здружението на новинарите на Македонија и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, во координација со Министерството за здравство, во наредните денови ќе организира вакцинација против Ковид-19 за група новинари и медиумски работници.До утре пријава на новинарите за вакцинација против Ковид-19.
Во оваа фаза Министерството за здравство одвојува дози од вакцината на „Астра зенека“ за активни новинари и медиумски работници, кои ги исполнуваат следниве критериуми:
– хронично болни новинари и медиумски работници или
– новинари и медиумски работници, кои се на возраст над 45 години, а кои се најизложени на вирусот (работат на терен или имаат чести студиски снимања).
Рокот за поднесување на формуларот е до утре (31 март) до 16 часот.
Во врска со терминот и локацијата за вакцинирање на пријавените ќе им се јави претставник од Министерството за здравство или претставник од новинарските организации.
Другите новинари и медиумски работници, кои не се опфатени во оваа група, ќе бидат земени предвид во втората фаза од вакцинацијата, која е најавена за крајот на април.
извор: Макфакс