• Fri. Nov 22nd, 2024

Повеќе од половина свој живот Кирил Николов одгледува Шарпланинци

Повеќе од половина свој живот Кирил Николов одгледува Шарпланинци. Вели дека овие големи кучиња, автентична македонска раса му прираснале за срце. Ги чува од љубов и сега му се најголеми пријатели во пензионерксите денови.

Иако на изглед се застрашувачки, шарпланинците според Кирил се идеални за семејства со деца. Во неговото децениско искуство, овие кучиња се покажале заштитиници и другари на децата.

Кучињата се едноставни за одгледување, вели Николов. Прилагодливи и непребирливи. Во моментов има седум кучиња.

Кирил е еден од ретките струмичани коишто одгледуваат шарпланинци. Неговите миленици ги чува надвор од градот помеѓу градина со јаболкници. Доаѓа редовно со својот велосипед и вели дека вакво хоби коешто опушта треба да има секој човек. Затоа што радоста и животните го исполнува животот со позитивна енергија и радост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *