• Fri. Nov 22nd, 2024

„Повеќе хромозоми и повеќе надеж за подобар свет“-порача Вања Лазарова поддржувач на лицата со Даун синдром

„Повеќе хромозоми и повеќе пријателство, повеќе љубов и надеж и вера дека токму тој вишок хромозом ќе му покаже на светот што е чиста и искрена љубов“, порача Вања Лазарова, редовен поддржувач на кампањите на здружението „Вера“.

Од вчера, преку пишувани и видео пораки ќе се истакнува важноста од инклузија и прифаќање на лицата со Даунов синдром. Ова е замислата на кампањата што ја почна здружението на граѓани „Вера“ од Струмица.

“Оваа година на симболичен начин, инспирирани од говорот на професорката Катерина Панов Кожаров на модната ревија „Убави сме, свои сме“ на лицата со попреченост, одржана на 3 декември 2022 година и нејзината јасна порака „Сите ние сме различни, и токму во тоа е убавината на овој свет“, кампањата ја именуваме како „Различно исти“.

Ќе го одбележиме Денот на лицата со Даун синдром 21 март 2023 година.

Неколку познати личности од јавниот живот ќе се вклучат во нашата кампања „Различно исти“ и ќе ја дадат својата поддршка.

Само доколку сме свесни дека овие лица постојат и се меѓу нас, ќе успееме да им помогнеме да бидат еднакви и рамноправни членови на ова општество” велат од здружението.