• Fri. Nov 22nd, 2024

Повеќе едукација и поттикнување на учениците да го препознаваат и пријавуваат врсничкото насилство

Врсничкото насилство постои во основните училишта и треба постојано да се работи за негово надминување. Ваква е оценката на Магде Ангова, координаторка за еднакви можности во општина Дојран, која минатиот период направи серија обуки во училиштата во оваа општина во соработка со училишните стручни тимови и Центарот за социјални работи во Гевгелија.

Ангова вели дека децата сакале да зборуваат за проблемите поврзани со насилство меѓу врсниците, но и родителите споделувале примери од искуствата со своите деца.

Врсничкото насилство или булингот,  можат да се манифестираат на три начини. Како вербален,социјален и физички.Со развојот на технологијата се појавува и сајбербулинг во кој се користат телефони,интернет,емаил,социјални мрежи,слики за да се повреди или вознемири некого.Булингот може да се случува за време на училиште или после училишните часови. Претставува карактеристичен образец на повредување и понижување на другите, особено на оние кои се помали, послаби или на било каков начин поранливи од оние кои го предизвикуваат. Тоа не се случува еднаш,туку повеќекратно и е намерно со цел да се предизвика штета на другите со помала моќ. Пријавување на овој проблем во училиштата се врши кај наставниците,психологот,директорот,а секој психолог е должен да изнајде решение за проблемот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *