Заради реновирање, dm дрогеријата во Струмица на ул. Климент Охридски бр. 51ј, во период од 25.6 до 26.7.2023 година ќе биде затворена. По тој повод, dm на своите купувачи им нуди –15% попуст на АПСОЛУТНО СЀ! Овие попусти ќе траат од 22 до 24 јуни.
,,По 3 години од отворањето на оваа дрогерија, дојде време за нејзино разубавување. Со задоволство се присетуваме на денот на отворањето, на веселата атмосфера и убавата дружба. Оттогаш, dm им е на струмичани синоним за нега и убавина, како и место на кое може да пронајдат сѐ што им треба – органска храна, додатоци во ихсрана, производи за нега на бебиња, производи за домаќинство. ‘’– изјавуваат од компанијата.
Сега, на вашето омилено место за пазарување му дојде време за реновирање! Затоа, списоците во рака и упатете се во dm на шопинг. Следното пазарување во оваа дрогерија ќе можете да го направите на 27 јули.