Потребни попишувачи за Гевгелија и Дојран. Државниот завод за статистика, денес 18 март, објави нов – трет по ред Јавен конкурс за реонски попишувачи. За пописниот реон 11, кој ги опфаќа подрачјата на општините Гевгелија и Дојран, фалат уште 29 попишувачи. Условите остануваат исти како и претходно: кандидатите да се државјани на РС Македонија, да имаат завршено минимум средно образование, да се невработени и да знаат да работат на комјутер.
Пријавувањето се врши електронски, со пополнување на е-пријава која секој заинтересиран може да ја најде на веб страната на Државниот завод за статистика. Конкурсот трае три дена, од денес со сабота 20 март.
Кандидатите кои се пријавија на претходните два Конкурси, а заради објективни причини не беа во можност да присуствуваат на тестирањето, доколку завршиле причините заради кои не дојдоа на тестирање (самоизолација и сл.), потребно е повторно да се пријават на овој конкурс.