• Fri. Nov 22nd, 2024

Потпишан договорот за кинеската вакцина

Потпишан договорот за кинеската вакцина. Министерот за здравство, Венко Филипче, го потпиша договорот за набавка на вакцини против Ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“.

Со договорот, Македонија од кинеската компанија обезбедува 200.000 вакцини. Тие ќе пристигнат овој месец, а точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката се очекува да биде утврден во следните денови.

„Министерството за здравство почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност, а во согласност со глобална политика на сите компании за производство на вакцини. Вклучително и на Синофарм, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи“, велат од МЗ.

Потпишан договорот за кинеската вакцина, а направен е детален план за транспорт на вакцината од аеродром до економските оператори (веледрогерии). Односно до те кои се задолжени за складирање на количините. Потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата.

Вакцината на „Синофарм“ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени. Вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и самата апликација на вакцината.

Овој тип на вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста. Поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по било кој основ. Конкретно за оваа вакцина, термините за вакцинација во ЈЗУ-а ќе бидат на 10 минути, по пациент.

Први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид – центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години.

„Сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Производителите на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а некои производители дополнително се регистрирани и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови“, велат од МЗ.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *