Руското министерство за Далечниот Исток и развој на Арктикот, владата на регионот Приморски, корпорациите ВЕБ.РФ и „ООО ПроГород“ денеска потпишаа договор за основање на град Спутник, на 30 километри од Владивосток.
Договорот беше потпишан на Источниот економски форум, објави прес-службата на државната развојна корпорација ВЕБ.РФ, а пренесe руската агенција ТАС С.
„ВЕБ.РФ и „ПроГород“ ќе го поддржат формирањето на новиот град Спутник на Далечниот Исток. Основањето на новиот град Спутник се планира на територијата на Надеждина, на помалку од 30 километри од Владивосток. Градот ќе биде дизајниран за 300.000 жители, а развојната област ќе биде 925 хектари“, се додава во соопштението.
Проектот планира да изгради 2,8 милиони квадратни метри простор за живеење.
Исто така, беше објавено дека ќе се користат разни државни програми за поддршка за да се обезбеди развој на пријатна урбана средина.