Последни подготовки за концертот под маски на „Боро Џони“. Музичкото училиште во Струмица ќе направи уште еден голем музички спектакл. Традиционално, во концертот учествуваат ученици од сите одделенија, но и наставниците од музичкото училиште.
Директорката Клара Вета Патарова вели дека концертот се случува по пауза од една година и сите се возбудени поради претстојниот настап. Имено, концертот на музичкото училиште беше последниот настан во 2020 година. Тогаш главното карневалско дефиле беше одложено поради почетокот на пандемијата.