• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео: Последни подготовки за фестивалот „Под кулите на Струмица“

Пријатни звуци ја исполнија малата сала во Центарот за култура „Антон Панов“. Ансамблот „Распеани струмичани“ реализира уште една проба пред годинешниот концерт Под кулите на Струмица што ќе се одржи овој петок.

Членовите ги прават последните подготовки со цел да се претстават во најдобро светло изведувајќи ги добро познатите страоградски песни.

Во ансамблот има дваесетина членови. Некои се со децении дел од оваа позитивна распеана група, други се приклучиле пдооцна. Но, заедничка им е љубовта кон музиката и дружењето.

Годинава ќе настапат четири ансамбли од Струмица, Радовиш, Гевгелија, Валандово и една група од Штип. „Под кулите на Струмица“ е фестивал на староградски песни и серенади кој веќе 12 години се оддржува во Струмичкиот центар за култура ,,Антон Панов’’. Фестивалот има ревијален карактер, а на истиот учествуваат музичко – вокални ансамбли кои ја негуваат староградската песна и серенадата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *