• Sat. Nov 23rd, 2024

Пораст на просечната плата во април

By

Jun 23, 2021

Пораст на просечната плата во април

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 110.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28.6 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.0 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21.7 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.4 %), Уметност, забава и рекреација (3.7 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2021 година, изнесува 28 438 денари.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *