Скокна вредноста на еврото во однос на доларот. Еврото зајакна за 0,5 отсто на 1,0149 долари, откако минатата недела падна под паритет за прв пат од 2002 година.
Индексот на доларот, кој ја мери неговата вредност во однос на шест глобални валути, сега е за речиси 2 отсто понизок од минатонеделниот максимум на 107,27.
Еврото е на еднонеделен максимум благодарение на повлекувањето на доларот откако неколку претставници на Федералните резерви сигнализираа дека не го поддржуваат најавеното темпо на зголемување на каматните стапки.