• Sat. Nov 23rd, 2024

Поранешните министри за финансии дел од Советодавно тело

Министерот за финансии Фатмир Бесими, на веќе традиционалната средба на крајот на годината со поранешните министри за финансии, заеднички покренаа иницијатива за формирање Совет како експертско тело кое ќе биде дел од СЕФФ Форумот и во чии рамки ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за коишто е потребен консензус во општеството.

Иницијативата произлезе од средбата на министерот Бесими со поранешните министри за финансии од осамостојувањето на државата. На средбата присуствуваа Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Зоран Ставрески, Трајко Славески и Кирил Миноски, додека останатите, кои ја вршеле оваа функција од објективни причини не присуствуваа на средбата, но интенцијата е и тие да бидат дел од Советот.

Советот на поранешни министри за финансии ќе претставува тело кое ќе функционира како дел на Скопје економски и финансиски форум – СЕФФ и истиот ќе биде активен во текот на целата годината за прашања и теми важни за економскиот развој на земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *