Денеска и во следните три дена ќе биде изменет сообраќајниот режим на улиците „Серменинска“ и „Никола Карев“ во Гевгелија. Се гради атмосферската канализација во тој дел од градот, па поради тоа граѓаните ќе возат во поинакви услови.
Се апелира до учесниците да го пренасочат сообраќајното движење, согласно наведениот календар на активности:
– вторник (29.11.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, до половина на улица „Серменинска“;
– среда (30.11.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на другата половина од улица „Серменинска“
– четврток (01.12.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на прва третина од улица „Никола Карев“;
– петок (02.12.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на втора третина од улица „Никола Карев“ и
– сабота (03.12.2022 г.), од 08:00 до 16:00 ч., вадење на постоечки асфалт со утовар и транспорт до депонија, на последна третина од улица „Никола Карев“.
Планираните активности се можни доколку нема врнежи од дожд. За другите активности, подготовка и асфалтирање на истите улици, граѓаните ќе бидат дополнително известени.