• Fri. Nov 22nd, 2024

Поради дефект – водата во Богданци нема да се пие до четврток

Општина Богданци информира дека поради дефкт на водоводната мрежа, жителите да не ја пијат водата овие два дена, туку да се користи само како техничка.

Се известуваат граѓаните на Богданци дека поради дефект на водоводната мрежа да не ја користат водата за пиење и готвење започнувајќи од денес, вторник (25-ти Април)  заклучно со четврток (27 – ми април). Водата од системот за водоснабдување овие три дена да се користи само за техничка употреба,“ велат од општината.