Попладнево во Струмица протест против новите мерки за Ковид-19. Со почеток во 19.00 часот струмичани ќе протестираат против новите мерки за Ковид-19. Мотото на протестниот марш што ќе започне пред Противпожарната станица и ќе заврши на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица е „Марш за слобода и еднакви права“.
Граѓаните сметаат дека мерките што Владата ќе ги применува од утре се дискриминаторски и нелогични. Со нив, сметаат протестирачите, се наведуваат граѓаните на задолжителна имунизација против ковид-19.