• Fri. Nov 22nd, 2024
помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се намали енергетската сиромаштија. Помош за струја треба да стигне до поголем број граѓани.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги заедно со Министерството за економија, МТСП и Владата го отпочнаа процесот со за помош за сметките за струја.

„Станува збор за комплексна операција во која треба да се вкрстат податоците на повеќе институции. Тоа е со цел да се идентификуваат прецизно потрошувачите на кои им е неопходно да им се помогне за да ги подмират сметките за електрична и топлинска енергија. Се со цел да се намали енергетската сиромаштија. Во моментов надоместок за енергетска сиромаштија добиваат корисниците на социјална помош.

РКЕ по препорака на Секретаријатот на Енергетската заедница иницира да се прошири опфатот на ранливи потрошувачи и за таа цел кон крајот на минатата година како што сте запознаени доставивме предлог листа до Министерството за економија која сега сите заедно го разгледуваме детално.

Освен опфатот, го разгледуваме и начинот како да бидеме сигурни дека доделените пари се користат за подмирување на сметките за електрична односно топлинска енергија.
Клучно е да се таргетираат потрошувачите за да се намали енергетската сиромаштија“, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Регулаторната комисија предлага освен лицата кои примаат социјална помош, дополнително да се опфатат и следните категории на потрошувачи: домаќинства во кои нема ниту еден вработен. Оние кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на приходи.

Домаќинства кои имаат невработено лице, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош и истиот е единствен приход на домаќинството.

Домаќинства со повеќе од два члена во кои има еден пензионер што добива минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход на домаќинството. Оние со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата, чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во домаќинството. д

Домаќинства кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година, корисник на паричен надоместок во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, кој се движи во висина на постојана социјална парична помош. Исто и во домаќинството има дополнителен приход во висина од минимална плата, заклучно со периодот на тарење на пандемијата.

Инаку, Регулаторна предложи во зимските месеци ЕВН да не ја исклучлува струјата на корисниците поради долг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *