• Fri. Nov 22nd, 2024

ЕК најави пакет за енергетска поддршка од милијарда евра за регионот

ByВане Трајков

Oct 22, 2022

Пакет за енергетска поддршка од Европската комисија за регионот ќе биде презентиран следната недела во Скопје од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, најави вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи. Вредноста на пакетот за поддршка, според  најавите, е милијарда евра.

Османи бил информиран од еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји за пакетот за енергетска поддршка којшто, како што рече, ќе биде најавен со доаѓањето на претседателката на ЕК следната недела во Скопје, пред се, за надминување на тековните проблеми во однос на снабдувањето со енергија и високите цени за индустријата и домаќинствата.

Османи на средбата со Вархеји се заблагодари за работата на Европската комисија за планот за справување со енергетската криза за сите земји од Западен Балкан, со кој се очекува да се предложат финансиски фондови за адресирање на итните, краткорочни и среднорочни потреби на нашиот регион. Во овој контекст, како што информираше МНР, од страна на Вархеји беше најавен финансиски пакет за регионот, во износ од  милијарда евра, за ублажување на ефектите од енергетската криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *