Полна сала на проекцијата на филмот “Што е тоа жена” на Мет Волш – околу 600 струмичани го гледаа второто прикажување на филмот
Авторот и новинар, Мет Волш, со искрена љубопитност која на моменти поминува во благ сарказам во околу 90 минути се обидува да добие одговор на прашањето: “Што претставува жената?”
За таа цел во филмот ја крстосува Америка, но патува и до Канада и Африка за да разговара од универзитетски професори, психијатри, педијатри, психолози, политичари, активисти до племенски старешини. За застапниците на теоријата дека родот е флуиден, прашањето не е достојно за одоговор, дури сметаат дека е навредливо да се постави. За некои од соговорниците, меѓу кои и психијатри, па и жена кој транзитирала во маж, целата приказна околу родот е опасна индоктринација на младата популација која е изложена на “касапење” на здрави тела и консумација на опасни лекови т.н. блокатори на пубертет за чии нус – појави нема долготрајни студии.