• Fri. Nov 22nd, 2024

Полицискиот се укинува од среда

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни.

Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница.

Комисијата предлага од среда да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

Од Министерството за здравство велат дека епидемиолошката состојба е стабилна и дозоволува олабавување на мерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *