Полицијата открила камион со 42 мигранти. Превезувачите скокнале и побегнале. Во раните утрински часови вчера, на излез од Стар Дојран, во населбата Карач, полицијата пронашла товарно возило влекач „ман“, со штипски регистарски ознаки со приколка, во кое имало 42 мигранти (41 од Сирија и 1 од Бангладеш).
Но, откако возачот и совозачот на товарното возило ги забележале полициските службеници, скокнале од возилото во движење и избегале, а возилото се вратило назад и удрило во службено возило на МВР, информираат од полицијата. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од Гевгелија.Како што информираат од МВР, мигрантите биле предадени за понатамошна постапка, за понатаму да бидат спроведени до прифатно-транзитниот центар „Винојуг“. Гевгелија.