• Sun. Nov 24th, 2024

Полицијата не открива каде биле девојчињата од струмичко

Двете девојчиња од струмичко на возраст од 12 и 14 години коишто вчера попладне се изгубија кај трговскиот центар Веро Џамбо во Скопје ги пронајдоа по околу  осумчасовна потрага. Девојчињата носеле мобилни телефони со себе, но им биле испразенти и затоа не можеле да исконтактираат.

Засега не е познато дали цело време девојчињата лутале низ скопските улици и зошто никому не се обратиле за помош. Полицијата некаде околу полноќ потврди дека девојчињата се пронајдени. Од МВР велат дека истрагата е затворена и не откриваат која била причината за повеќечасовното исчезнување на девојчињата.