Во текот на вчерашниот ден СВР Струмица изврши засилени сообраќајни контроли на сите учесници во сообраќајотво Југоистокот при што се констатирани 101 прекршок од кои 85 за брзо возење соопштија од полицијата
,,Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на 18.04.2021, во периодот од 11.00 до 19.00 часот, спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа биле констатирани 101 прекршок, од кои 85 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.,, соопшти СВР Струмица
По полициски станици најмногу казни за брзо возење се изречени на подрачјата на ПС Гевгелија и ПС Струмица