• Fri. Nov 22nd, 2024

Покачените цени на репроматеријалите ќе ги остават незасадени нивите

Помалку површини под земјоделско производство и недостаток на домашна храна. Ова се предвидувањата на земјоделците за оваа реколта. Според Ристо Велков, серијата поскапувања ќе ги демотивираат земјоделците да ги засадуваат нивите, тренд што веќе е забележан во струмичко, каде се повеќе плодно земјиште останува незасадено.

Енергетската криза ќе влијае и на моќта  да се инвестира во производството. Откупувачите велат дека земјоделците немаат капитал со кој можат да располагаат во вакви случаи, но и дека самото производство ќе биде неиплатливо, бидејќи ќе биде скап производствениот процес.

Статистиките на земјоделските здруженија говорат дека две третини од  обработливите површини во регионот не се засадени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *