Поезијата на Стефан Марковски прозвучи во градскиот парк. Струмичани имаа можност да ги слушнат стиховите на поетот од Гевгелија кој беше дел од традиционалната „Вечер на поезија“ во рамките на Струмица опен фестивал.
Поетското творештво на Марковски го претстави поетесата и организатор на „Вечер на поезијата“, Вања Изова-Велева, а стиховите ги читаше поетот Никола Маџиров.
Марковски е етаблиран поет, добро познат на домашната книжевна сцена. Пишува поезија, проза, критика и драмски текстови и сценарија.