• Fri. Nov 22nd, 2024

Поезија на зајдисонце на 14. Роднокрајни поетски средби

Поезија на зајдисонце на 14. Роднокрајни поетски средби во Струмица. Така накусо може да се одговори на прашањето: Како помина вчера поетскиот настан во Градскиот парк? Во опуштена атмосфера десетина роднокрајни автори кажуваа свои стихови. Настанот започна со воведниот говор на Ацо Гогов, а веднаш по него Ана Витанова-Рингачева ја прочита својата песна посветена на Блаже Конески.

Со тоа, симболично се најавија и активностите за обележување на 100- годишнината од раѓањето на Конески а кои ќе се организираат од струмичките уметници и културни работници. Поезија читаа и Никола Маџиров, Вања Изова-Велева, Ице Беличев, Мирна Трпкова, Мануела Златкова, Македонка Маџирова и Митко Гогов, кој е воедно и домаќин на поетските средби.

Гогов, преку здружението Контекст, Роднокрајните поетски средби годинава ги организира со поддршка на општина Струмица. Тие се дел од манифестацијата Струмица-град на културата, а вчерашното издание беше во чест на Свети Кирил и Методиј.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *