Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 0,50 денари и ќе изнесува 107,50 денари за литар. Поевтинува и дизелот за еден денар па литар ќе чини 100 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува 105,50 денари за литар.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), се намалува и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство за 1,50 денари и ќе изнесува 98 денари за литар, а поевтинува и мазутот за 0,661 денар кој ќе чини 50,903 денари за килограм.