Поетот Ѓорги Калајџиев на 15. Меѓународни мајски средби на словенските творци во Бургас, Р. Бугарија. Тој вечерва настапи на отворањето на манифестацијата, заедно со уметници и поети од Бугарија и Хрватска. Настанот се одржа во Домот на писателите во Бургас. Од Македонија освен Калајџиев, поканета е и поетесата Даниела Андоновска-Трајковска и Соња Серафимовска.
Мајските средби на словенските творци во Бургас е традиционална културна манифестација, која обединува уметници и автори од целиот Балкан. Годинава се одржува јубилејното 15-то издание.