Со експлозив тритол во јужниот албански приморски град Саранда, целосно е уништен хотел а оштетени се и најмалку 20 други деловни објекти.
Експлозијата е снимена со безбедносни камери. Полицијата истражува, а албанските медиуми шпекулираат дека е можно експлозивот да бил подметнат во рамки на пресметките на двајцата сопственици на хотелот кои се со нарушени односи и се судат околу сопственоста на хотелот Бизанти.
Медиумите наведуваат дека експлозијата се слушнала во целиот град, а жителите тврдат дека предизвикала потреси слични на земјотрес.