Да се помогне на најнемоќните и најранливите. Тоа била почетната идеја на волонтерите од „Елеуса Фондација“ кога пред повеќе од половина година почнаа да делат топли оброци во дворот на црквата „Свети Димитар и Григориј Палама“ во Струмица. Но, на добрата мисла и волја се надоврзале уште многу сограѓани, па до денеска поделиле 10.000 оброци.
Освен делење оброци, организацијата има уште многу други активности. Меѓу нив е и делењето пакети со храна и хигиенски производи пред големите христијански празници „Божиќ“ и „Велигден“.
Пакетите се делат овие денови со помош на парохиските свештенции од Струмичката епархија.