Под контрола пожарот кај Будинарци. Вака известија струмичките пожарникари-спасители коишто вчера утрото се упатија кон беровско да помогнат во гасењето на шумските пожари што два дена беснеат во Малешевијата.
„Пожарот кој зафати над 50 хектари дабова шума над селото Митрашинци, општина Берово е ставен под контрола и се работи на негово целосно ликвидирање. Во неговото гасење учествуваат тимови од пожарникари-спасители од неколку градови, тимови на ДЗС, ЈП Национални шуми“.
Тим од ТППЕ Струмица е активно вклучен во акцијата.