• Fri. Nov 22nd, 2024

Почувствуван земјотрес во Струмица

Земјотрес од 2,4 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван денеска во Струмица.

Како што соопшти телеметриската сеизмолошка мрежа, земјотресот се случил утрово во 5 часот и 40 минути. Епицентралното подрачје е во Струмица со епицентар на 130 километри југоисточно од Скопје и е со локална Рихтерова магнитуда МЛ2,4.

Според досегашните податоци овој земјотрес бил почувствуван од населението во Струмица и Валандово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *