• Sat. Nov 23rd, 2024

Почнува со работа системот „Е-инспектор“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, најави почнување на реализацијата на системот „Е-инспектор“.

Николовски посочи дека за ефикасна имплементација на системот, за трите клучни инспекторати – Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и за Државниот управен инспекторат – веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите.

„Со овој систем значително се елиминираат човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциските надзори и контроли. Целокупниот процес од распределба на надзорите и контролите, генерирање записници, па до крајот до издавање решенија, ќе биде електронски, со што човечкиот фактор е целосно изземен. Инспекторот не може сам по свое лично убедување да одлучува во кој објект ќе изврши надзор или контрола. Одлуката ќе ја генерира софтверот, кој врз основа на базата на податоци автоматски ќе ги определува субјектите, фирмите на високо, средно и нискоризични и автоматски ќе планира надзори кај високоризичните субјекти“, рече вицепремиерот Николовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *