Од вечерва почнува тридневната манифестација за одбележување на патронот и заштитник на Радовиш, Свети Спасо Радовишки. Во склоп на програмата ќе биде организирана и манифестацијата „Меден Радовиш“.
Вечерва ќе бидат промовирани локални производи на мед, ќе има дефиле на близнаци од Радовиш, а пред радовишани ќе се претстави и карневалската група „Пчелин рај“ од Струмица. Вечерната програма ќе заврши со концерт на Троја.
В сабота меѓу другото ќе се одржи богослужба и свечена литија од храмот Св. Троица до плоштадот Св. Спасо Радовишки каде ќе се одржи молебен. В недела по литургијата ќе се дели славски колач, а пладнето ќе биде резервирано за презентирање производи од мед. Манифестацијата ја организира општина Радовиш и Македонската православна црква, Брегалничка епархија – Храм Св.Троица
П Р О Г Р А М А
19.08.2022 год. – Петок, Плоштад Св.Спасо Радовишки
17:00 час. Отвoрање на манифестацијата
17:15 час.-20:30 час. Промоција на локални производи од мед
19:00 час. „Близнаци сме – Посебни сме“ – Дефиле на близнаците од општина Радовиш
Настап на карневалската маска „Пчелин рај“, ментор Соња Цицимова
21:00 час. Kонцерт на ТРОЈА
20.08.2022 год. – Сабота
12:00 час. Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки
18:00 час. Вечерна богослужба во храмот „Св.Троица“
18:45 час. Литија од храмот „Св.Троица“ до Плоштад „Св.Спасо Радовишки“
19:15 час. Молебен пред параклисот „Св.Спасо Радовишки“
20:15 час. Концерт на Тоше, Васко и Викторија
21.08.2022 год. – Недела
08:00 час. Света литургија во храмот „Св.Троица“
Славски колач
12:00 час.-15:00 Презентирање на производи од мед, Плоштад Св.Спасо Радовишки и затворање на манифестацијата