• Fri. Nov 22nd, 2024

Почнува имунизацијата против сезонски грип

Повеќе од 30.000 граѓани се интересирале за имунизација против сезонски грип. Вакцинацијата ќе почне денеска. За граѓаните кои спаѓаат во најкритичните категории се обезбедени 60.000 бесплатни дози.

Вакцинацијата ќе се врши во сите центри за јавно здравје низ државата. Најголем интерес досега има кај хронично болните и повозрасни и изнемоштени лица. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата вакцинација.мк, преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.

Сите заинтересирани треба да поднесат електронска апликација на интернет страната вакцинација.мк. Здравствените власти потсетуваат дека на вакцинација се оди здрав и додаваат дека имунизацијата е најдобар начин за да се спречат потешки форми на ова вирусно заболување кое во одредени случаи може да биде и фатално.