Од вчера, почнаа Велигденските пости за христијанските верници.
Велигденскиот пост опфаќа 7 недели, односно 7 седмици. Трае 48 дена, од Прочка до Велигден. Тој е и телесен и духовен пост.
Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло и вино. Риба се јаде само на Благовец и на Цветници.
Свештениците напоменуваат дека најважно, освен телесниот пост е духовниот преку молитва, исповед покајание и причест со светите тајни.