• Fri. Nov 22nd, 2024

Почнаа преговорите со МИОА

ByDimitar Micev

Jun 22, 2022
Minister AlitiMinister Aliti

Почнаа преговорите со МИОА по речиси домесечниот штрајк на локалните и регионалните медиуми.

Денеска во просториите на МИОА се одржа средба на министерот Адмирим Алити и членови на здружението Медиум Објектив. Беше заклучено дека постојат сериозни проблеми во оваа сфера и дека е неопходно со идните законски промени истите да се решат.

Министерот Алити потенцираше дека регионалните и локалните радиодифузери се од особена важност за информирањето и демократскиот плурализам во општеството. Го потенцираше и опстојувањето на локалните и регионалните медиуми дека не треба да биде доведено во прашање.

Тој најави законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбата. Посебно истакна за кризата од изминатите години, како резултат на COVID пандемијата и светската енергетска криза. 

Од претставниците на Медиум Објектив беа доставени барања за субвенционирање на 50 отсто од дозволата кон ААВМУ. Побарано е и покривање на трошоците за ДВБ-Т сигналот кон операторот А1 за 2022 година, и кон оние оператори кои наплаќаат за тој надомест од телевизиите кои емитуваат програма преку ЈКМ.

Министерот Алити изјави дека засега има одлука на Влада да бидат покриени само трошоците кон А1 за ДВБ-Т сигналот. Тој во изјава истакна дека за тоа во текот на утрешниот ден ќе ги информира во компанијата.

Уште еднаш се потенцираше потребата од промена на членот 102 од Законот за ААВМУ. Од Медиум Објектив беше презентиран предлог за измена на членот 102. На средбата се истакна и потребата од формирање на долгонајавуваниот Фонд на медиуми, за кој претставниците на здружението доставија конкретен предлог како истиот да се реализира.

Двете страни се согласија да ја продолжат комуникацијата, да се дебатира сето она што беше предложено во соодветните работни групи во надлежните министерства и на следните средби да се договорат конкретни решенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *