Сениорскиот тим на Академија Пандев ги започна со подготовките за пролетниот дел во ПМФЛ. Тренерот Александар Васоски ги има на располагање 27 играчи, а кон тимот се приклучени и неколку фудбалери од младинскиот тим. Новитет во стручниот штаб е Томе Пандев кој се враќа на позицијата тренер на голмани.
Закажени се 11-дневни подготовки во Анталија (Турција), каде се заминува на 21-ви јануари. До заминувањето во Анталија ќе се одигра една пријателски утакмица против Брегалница Штип на 19-ти јануари.