Aдвокатите на Амбер Херд го обвинија нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп за сексуален напад додека актерот се обидува да ја докаже тужбата за клевета против неа.
Адвокатскиот тим на Џони Деп ја нарече Амбер Херд „лажгa опседната со својот имиџ“ во воведните аргументи на судењето за клевета меѓу поранешните сопружници.
Деп ја тужи Херд поради статија што таа ја напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година, за преживеано семејно насилство, иако таа не го спомнува Деп по име во написот.
58-годишниот Деп негира каква било злоупотреба и ја тужи својата поранешна сопруга, барајќи оштета од 50 милиони долари.
Херд (35), пак, поднесе противтужба од 100 милиони долари.