• Thu. Nov 21st, 2024

Почна собирањето потписи

Почна собирањето потписи

Почна собирањето потписи против барокната фасада. Невладини организации од Струмица започнаа постапка за собирање потписи од граѓаните против барок стилот на зградата на старата полиција. Денес на повеќе пунктови во градот Струмичани со својот потпис даваа поддршка за иницијативата на платформата Граѓанска демократија со која се бара од надлжените да се измени решението за изгледот на објектот кој цел месец се реконструира за да стане зграда на јавната администрација.

Собирањето потписи ќе трае во следните петнаесет денови. Потоа списоците ќе бидат доставени до министерството за финансии и струмичките пратеници. Според граѓанската платформа не е спорна реконструкцијата на објектот туку излгедот во барок стил кој според дел од невладиниот сектор не се вклопува со урбаното опкружување во тој дел од градот. Од Владата најавија дека реконструкцијата на овој објект во кој ќе бидат сместени подрачни единици на неколку државни институции ќе заврши за 10 месеци при што ќе бидат потрошени 1,1 милион евра обезбедени од буџетот на државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *