• Sat. Nov 23rd, 2024

Почна со работа Фондацијата „Елеуса“

Пакети со основни прехрамбени продукти и средства за лична хигиена ќе стигнат до шеесетина социјално загрозени семејства. Ова е прва хуманитарна активност на новоформираната Елеуса Фондација. Оттаму велат дека иницијативата на група православни верници од струмичката епархија е само формализирање на долгогодишната пракса на добротворна дејност. Милоста и љубовта кон луѓето што страдаат не е нешто ново, тоа е познато од апостолски времиња, наше е само да продолжиме, велат од Фондацијата.

Во првата мисија на помош им биле парохиските свештеници на струмичката православна епархија. Но, нивните идни активности нема да бидат регионално ограничени.

Од Елеуса Фондацијата ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да помогнат и да се вклучат во добротворната мисија да се обратат на мејл eleusafondacija@gmail.com или на страните на социјалните медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *