• Fri. Nov 22nd, 2024

Гевгелиски Комуналец почна со распределбата на канти за селекција на отпад

Гевгелиското комунално претпријатие Комуналец деновиве почна со распределбата на 120 литарки канти за селекција на отпад. Овие садови како што објавија од ова претпријатие се бесплатни и наменети исклучиво за одлагање на сува хартија (картон), пластика (шишиња, фолии) и метални конзерви (лименки и сл.) Според информациите станува збор за пилот проект кој ќе се реализира во еден дел на Гевгелија а се реализира со фирмата Пакомак

,,Целта на употребата на “втор сад” за комунален отпад е со примарна селекција на наведениот домакински комунален отпад да се намалат количините за транспорт на истиот до општинската депонија, продолжување на векот на траење на депонијата и заштита на животната средина, што преставува општ бенефит за сите граѓани во општината,, соопштија од ЈП Комуналец од Гевгелија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *