Со проекција на филмот Аја започна месецот на проекции на филмови за човекови права во просториите на Еу хаус во Струмица. Синоќа публиката го гледаше првиот од трите предвидени филма што се прикажуваат со поддршка на германската амбасада во земјава. По проекцијата имаше и дискусија за прашањата што ги отвора овој филм.
Освен во Струмица, проекции ќе има во уште пет други градови: Скопје, Крива Паланка, Куманово, Тетово и Крушево. Проекциите се закажани во просторијата на EU House во Струмица.