Почна најголемата воена вежба во Македонија – Брз одговор 22.
На армискиот полигон Криволак денеска почна досега најголемата воена вежба во Македонија. Со падобрански скокови, хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Црна Гора, Грција, Албанија и Македонија денеска се спроведе Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“ (Swift Response 22). На вежбата која ќе трае до 20 мај учествуваат 4.600 војници од осум држави