• Fri. Nov 22nd, 2024

Почна меморијалниот турнир „Иван Пенов“ во Гевгелија

Гевгелија деновиве е домаќин на меморијалниот турнир „Иван Пенов“ што се организира во чест на препрано починатиот кошаркар кој играше во кк „Кожув“.

Турнирот започна со натпреварите помеѓу првите јуниорски екипи. Официјално, за отворен турнирот го проласи градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, по осветувањето на реконструираното кошаркарско игралиште.
           – Верувам дека баскет-турнирот „Иван Пенов“ ќе биде традиционален, ќе расте низ годините и низ него ќе продефилираат многу млади кошаркари и спортисти. Обврска на градот и општината е да дава целосна поддршка на овие настани кои придонесуваат за популаризација на спортот во општина Гевгелија, истакна Сарамандов, кој од страна на организаторите доби дрес, на кој е испишано неговото презиме и бројот 6, со кој Иван Пенов играше во КК „Кожув“.


           Првиот натпревар во категоријата сениори беше одигран помеѓу екипите на Живинарска фарма „Стокол“ и „Фантоми север“, кој заврши со резултат 15:9. Во продолжение на првата вечер од Меморијалниот турнир, се натпреваруваа: Restaurant Cream – Monopoly coffe, „Дон Андон“ – Homemade Negorci, „Партизан Моин“ – „Кожув“, Monopoly coffe – Cabrela cofe и „Дон Андон“ – Tren. Вечерва, со почеток во 19:00 часот, Турниот продолжува со натпреварите помеѓу јуниорските и сениорските екипи, а распоредот е објавен на официјалната Фејсбук-страна Меморијален турнир- Иван Пенов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *