Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 29.09.2022 година (четврток) започнува етапната исплата на пензиите за м.септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година (четврток);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година (петок);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година (понеделник), и
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 04.10.2022 година (вторник).