Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска почнува етапната исплата на јунските пензии, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
– за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.6.2022 година (вторник);
– за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.6.2022 година (среда);
– за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.6.2022 година (четврток); и
– за пензии со висина над 18.001 денар, исплата да се изврши на 1.7.2022 година (петок).
Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрла пензијата со парите може да располагаат од 28 јуни (вторник), информира Министерството.