-Денес ЈПКД „Комуналец„ Струмица започна со најавената акција за генерално чистење на улиците низ Струмица, поточно се започна со улиците Мајка Тереза и Кољо Орцев, напиша градоначалникот Костадин Костадинов на неговиот ФБ профил.
– Истовремено посебна екипа започна и со чистење и дезифекција со посипување на талк на просторот околу металните контењери низ градот, додека пак екипа од Градско зеленило врши есенско кроење на дрвјата на улиците Маршал Тито и Сандо Масев, додаде градоначалникот Костадинов.