• Fri. Nov 22nd, 2024

Почна гасење со хелихоптер кај Ѓавото

Рано утрово почна гасење со хелихоптер кај Ѓавото. Пожарот што изби вчера околу 13.30 минути уште е активен, но, според Центарот за управување со кризи ситуацијата може да се оцени како мирна. Засега нема опасност од ширење кон селото.

Сепак, од ЦУК велат дека мора да бидат претпазливи бидејќи овој е еден од најветровитите региони, а појавата на ветер придонесува кон брзо ширење на огнот. Вчера ЦУК информираа дека пожарот почнал попладне во поле, а подоцна истиот е проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 4 ПП возила. Набрзо уште 3 пожарникари се испратени од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од ШС од Гевгелија.

Со пожарот зафатено е прнар и нискостеблеста шума. На помош дојдоа и вработени од Општина Богданци и мештаните. Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа вегетација, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.

Побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места.

Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување хеликоптерот нема да полета денес според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 05:00 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана. Според последните информации пожарот се движи кон куќите во с.Ѓавато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *